Share the post "Македонска пошта ја промовираше поштенската марка „75 години од смртта на Фаик Коница“"
По повод 10 години од постоењето на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, денес Македонска пошта ја промовираше поштенската марка посветена на Фаик Коница – стилист, публицист и личност кој имал големо влијание во албанската литература и култура во почетокот на 20-от век.
Во оваа прилика генералниот директор на Македонска пошта г.Фаадис Реџепи рече: „ особено ми е драго што денес во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците имам можност да ви ја претставам поштенската марка со ликот на Фаик Коница, граѓанин на светот и на Балканот. Бидејќи, поштенските марки во себе носат две особено важни компоненти. Првата е од комерцијален карактер, а втората компонента и не помалку важна е што претставува своевиден медиум, како за поштенскиот оператор така и за Државата. Поштенските марки, исто така се амбасадори кои ја претставуваат историјата и културата на нациите низ светот. Поради тоа, поштенските марки кои се издадени и кои ќе се издадат од Македонска пошта, за многу личности од историја и културата на Албанците, Македонците и другите нации, преку својот придонес остануваат запаметени во колективната меморија на народите“.
По повод 10 годишнината од постоењето на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Р.Македонија, во име на Македонска пошта, на Институтот му ги подаруваме поштенските марки со тема од Албанската историја и култура, претставени преку постојаната изложба во салата на Институтот, заклучи во своето обраќање генералниот директор Реџепи.
Автор на поштенската марка „75 години од смртта на Фаик Коница“ со тираж од 6000 примероци и номинална вредност од 18 ден. е Лариса Живковска Донев од Бирото за филателија.
На промоцијата на поштенската марка присуствуваше и вицепремиерот во Владата на Р. Македонија г.Хазби Лика.