АД „Македонска пошта“ ја прошири палетата на услуги кои преку својата мрежа им ги нуди на граѓаните. Генералниот директор на Македонска пошта Фаадис Реџепи и директорот на М Кеш Димитер Продански потпишаа Договор за соработка помеѓу двете институции. Граѓаните на Р.Македонија, почнувајќи од 1-ви декември 2017 год., во сите поштенски единици, во урабани и рурални средини ќе можат да аплицираат за користење на брзите кредите што М Кеш ги дава во Р.Македонија.
Особено ни е драго што и други фирми и компании ја гледаат Македонска пошта како важен партнер за да комуницираат со своите корисници, но и можност да ја збогатиме палетата на услуги на компанијата, потенцираше Фаадис Реџепи, генералниот директор на Македонска пошта на потпишување на договорот.
Македонска пошта останува посветена во подобрувањето на квалитетот на поштенските услуги и воведување на нови услуги во интерес на потребите на граѓаните.