Share the post "Македонска пошта потпиша Меморандум за соработка со Универзитеот “Мајка Тереза” во Скопје"
Генералниот директор на Македонска пошта г. Ејуп Рустеми денес потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот Мајка Тереза – Скопје за имплементирање на заедничките менаџерски политики и постигнување на стратешките меѓуинституционални цели.
Генералниот директор Рустеми и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ Положани посочија дека овој договор и оваа соработка претставуваат нов предизвик за студентите на овој Универзитет, а преку практичната настава на студентите ќе им се овозможи во иднина да бидат конкурентни на пазарот на трудот.
Оваа соработка ќе послужи, посебно, за реализирање на научните истражувања во областа на поштенските активности како и пополнување на нивните практични познавања.
Соработката помеѓу двете институции вклучува и отворање на изложба на поштенски марки во просториите на овој Универзитет, реализирање на заеднички проекти и едукативни настани.
Со попишување на овој Меморандум ја потврдуваме уште еднаш нашата општествена одговорност како компанија и менџмент.