Share the post "Македонска пошта и Турска пошта потпишаа меморандум за соработка"
Денеска 07.10.2016 во Истанбул – Република Турција генералниот директор на Македонска пошта г. Фаадис Реџепи и генералниот директор на Турска пошта г.Кенан Бозгејик потпишаа Меморандум за деловна соработка помеѓу двете компании. Страните се согласија да ги зајакнат компаративните предности во сите подрачја од работењето во заеднички интерес особено преку размена на искуства. Посебен акцент од двете управи ќе се става на развојот на е-commerce во Македонска пошта.
При потпишување на меморандумот г.Реџепи истакна: ,,Поддршката од Турска пошта е од големо значање за нас и тоа ќе ни помогне за побрзо реализирање на нашите деловни планови за развој на постоечките услуги, воведување на нови услуги, особено услугите за е-commerce како можност за понатамошен развој на Македонска пошта’’.