Во текот на вчерашниот ден претставници од Мкедонска пошта ги посетија поплавените подрачја во тетовскиот крај – Шипковица, Голема и Мала Речица. Да донираме за настраданото население од поплавите во тетовско и да ја покажеме нашата хуманост!
„Денеска дојдовме за да ја споделиме болката со семејствата и да им помогнеме донирајќи пакети со прехранбени продукти.
Дистрибуцијата на хуманитарната помош ќе се изврши во соработка со Црвениот крст на Македонија.
Ги повикувам сите хумани граѓани да дадат придонес со своите донации и својата помош да ја достават до 330-те единици на поштенска мрежа на Македонска пошта, на цела територија на Р. Македонија, рече генералниот директор Фаадис Реџепи.
Related posts