Share the post "Македонска пошта „Бронзен подржувач“ на Црвениот крст на Р. Македонија"
Македонска пошта е добитник на признанието „Бронзен подржувач“ што Црвениот крст на Р. Македонија го доделува на општествено одговорни компании. Признанијата се доделуваат во знак на благодарност на соработниците и претпријатијата за остварената плодна соработка и поддршка.
Во своето пригодно обраќање, генералниот директор на Македонска пошта Фаадис Реџепи изрази благодарност за доделеното признание: „Голема е честа активно да се соработува со Црвениот крст на Република Македонија, партнер со кој заеднички ги имплементираме социјалните програми насочени за помош на ранливите целни групи на население, особено што нашата долгогодишна соработка дава значаен придонес во поттикнувањето на општествената одговорност на бизнис заедницата во Македонија. Посветеноста на нашата компанија кон оваа благородна цел ќе продолжи и во иднина, преточена во традиционалната соработка со Црвениот крст на Република Македонија, а најважната и најголемата награда што ја добиваме сите е благодарноста на илјадници луѓе кои ја добиваат неопходната помош, го заврши своето обраќање генералниот директор Реџепи“.
Македонски
Shqip




