Денес, на 2 јуни 2016 год., Македонска пошта традиционално во соработка со Републичкиот завод за трансфузиологија – Скопје, организираше крводарителска акција во дирекцијата на компанијата. Секоја година се организираат вакви крводарителски акции во сите подружници на Македонска пошта.Во овие акции учество земаат голем број од вработените на нашата компанија, што не вбројува меѓу најуспешните крводарителски акции на ниво на компании во земјата.
На денешната акција крв даруваше по осми пат и генералниот директор г.Фаадис Реџепи кој во оваа прилика рече: „ да се биде хуман е обврска на сите нас, но пред се е големо задоволство преку дарувањето крв да се покаже хуманост и да се помогне во спасување на човечки животи.Крводарителските акции во Македонска пошта се организираат двапати во текот на годината, и ја одразуваат хуманата мисија на компанијата.