Share the post "Кандитотот за генерален директор на Меѓународното биро на Светскиот поштенски сојуз Метоки Масахико ја посети Пошта на Северна Македонија"
Кандитотот за генерален директор на Меѓународното биро на Светскиот поштенски сојуз Метоки Масахико ја посети Пошта на Северна Македонија
Метоки Масахико, кандидат за генерален директор на Меѓународното биро на Светскиот поштенски сојуз денес ја посети Пошта на Северна Македонија. На состанокот со генералниот директор Рустеми, истакна: „Дозволете ми да го изразам моето задоволство од посетата на вашата држава и на Пошта на Северна Македонија. Верувам дека од вас почитувани ќе добијам силна поддршка за кандидатурата! Целта на мојата посета е да ја претставам програмата, мисијата и визијата, истакна Метоки Масахико, извршен директор на Пошта Јапонија и претседавач со Советот за поштенски операции во СПС.
Во изминатиот период остварив посети во повеќе земји и поштенски управи, и од досегашните контакти можам да кажам дека силно верувам во основните принципи и начела на кои се темели мојата кандидатура , а кои ги сретнав и кај вас. Транспарентност, еднаквост и ефикасност се трите принципи на кои ќе го фокусирам своето работење.
Најважно за поштенските оператори е да бидат профитабилни, општествено одговорни, и во исто време да даваат квалитетни услуги за сите граѓани.
Потребата од постоење на единствена, сигурна мрежа во светот е од голема важност, бидејќи приватните компании не се дел од таа мрежа, заклучи Масахико“.
Генералниот директор на Пошта Северна Македонија, Ејуп Рустеми, се заблагодари на посетата на нашата поштенска управа и на Државата, и ја искористи можноста да размени искуства и мислења за тековните случувања во поштенскиот сектор.
Во состав на јапонската делегација беа и претставници од: Министерството за внатрешни работи и врски на Јапонија г. Јутака Китагами и г-ѓа Тае Сато, како и г. Шињи Тазаки, директор – Сектор за меѓународен бизнис од Јапонска пошта.