Почитувани корисници,
На web страната на АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје е овозможено следење на поштенските пратки односно проверка на статусот на поштенската пратка која се отпрема од државата и која пристигнува во државата.
Пратки кои можат да се следат се сите книжени поштенски пратки (препорачани писма, вредносни писма, обични пакети, вредносни пакети, пратки на брза пошта и др.) кои во фазата прием добиваат единствена тринаесетзнаковна ознака која согласно техничкиот стандард на Светскиот поштенски сојуз S 10 ја има следната структура:
2 букви кои се ознака на видот на услугата (RR, RA, RB..,VV, VA,VB., CP,ЕЕ ) + 9 бројки + 2 букви MK, кои ја означуваат земјата на потекло на пратката, за пратки од нашата држава МК.
На оваа алфанумеричка ознака одговара Бар-код ознака која е воведена заради побрза обработка на пратките.
Со внесување на алфанумеричката ознака во панелот Следење на пратки, на нашата web страница, овозможено Ви е добивање на информација на пратката во реално време.
Се додека во делот од – до на панелот следење на пратки не се појави ознака MKSKP(X) пратката не е влезена на територија на Република Северна Македонија.
По појава на оваа информација во панелот пратката е влезена на територија на нашата држава и е во процес на обработка во Главниот поштенски центар кој вклучува и царински преглед на пратката од надлежната Царинска Испостава на Царинската Управа на РСМ.
Кога процесот на обработка во Главнот поштенски центар завршува, пратката се отпрема до одредишната пошта која е надлежна за достава, при што по извршување на доставата во панелот следење на пратки стои поштенскиот број на одредишната пошта, а во забелешка доставена или испорачана.
Системот евидентира и оставање на известие за пристигната пратка при неуспешен обид за достава и понатаму следење на пратката до испорачување односно враќање назад на приемна пошта во случај истата да не е подигната во законски пропишаниот рок за чување.