Share the post "Информација за отварање на договорна пошта во граничен премин"
Со одлука на Управниот одбор на Македонска пошта единиците на поштенска мрежа лоцирани на граничните премини: Блаце, Блато, Свети Наум, Ќафасан, Меџитлија, Стење, Стар Дојран, Богородица, Ново Село, Делчево, Пелинце, Деве Баир и Табановце се трансформираат во договорни пошти и истите ќе вршат прием и достава на поштенски пратки.
Договорната пошта извршува поштенски услуги по основа на договор со правни и физички лица, согласно Законот за поштенски услуги. Договорната пошта мора да има свој поштенски број, име на населено место и поштенски жиг. Таа ги има сите карактеристики на пошта, шалтерска пошта, со тоа што се организира на подрачје на кое економските и другите околности оправдуваат организирање и функционирање на ваква единица на поштенска мрежа. Поштенските услуги кои ги врши договорната пошта се дефинираат со посебен договор.
Сите правни и физички лица коишто се заинтересирани да склучат Договор за преземање на договорните пошти на граничните премини потребно е да ги контактираат надлежните лица во АД „Македонска пошта“.
Одлуката за трансформација стапува во сила од 12 декември 2012 год., а ќе се применува по потпишување на Договорот за договорна пошта.
Воедно, Македонска пошта ги информира корисниците на поштенски услуги дека договорните пошти на граничните премини ќе работат 24 часа.