Share the post "Информација во врска со објави во медиумите за склучен договор со Тритерол петрол"
Почитувани,
Во врска со информацијата објавена во медиумите на 05.08.2025 год. „Два месеца по одземање на лиценцата, фирмата на Љупчо Пецов – Ѓаволот добила тендер од Пошта“, сакаме да истакнеме дека:
Пошта има склучено договор (отворена постапка) за набавка на гориво за служебени возила, делива на 20 дела. Тритерол има добиено два дела од постапката, за гориво за службени возила, за Пошта Струмица и Пошта Валандово, во вредност до 850.000.00 ден. за двата дела.
Стоката која е предмет на набавка за оваа постапка е со единечна цена која е регулирана од страна на соодветно регулаторно тело. Споменатата лиценца за овој вид набавка, согласно Законот за јавни набавки не се бара. На фирмата спомената во контекст со Пошта и е одземена лиценцата за трговија на големо.
Ние, како Пошта не можеме да се заштитиме од фирми против кои се води каква било постапка, а кои имаат валидна документација добиена од државни органи, потребни за учество во постапките за јавни набавки, и кои се активни во електронскиот систем за јавни набавки.
Со почит,
Кабинет на генерален директор