Share the post "ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ ЗА ПРАТКИ ОД Е-ТРГОВИЈА"
Почитувани корисници,
Ве информираме дека се донесени измени во законот за ДДВ (на сила од 18.12.2025 г.), со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за пратките нарачани онлајн во вредност до 22 евра.
Согласно настанатите измени, Пошта на Северна Македонија, заради утврдување на ДДВ е должна сите пратки нарачани онлајн да ги даде на царински преглед. Оваа нова обврска создава забавување при обработката и царинските прегледи на пратките.
Пошта на Северна Македонија заедно со Царинската Управа, работи на изнаоѓање решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките, се со цел истите да пристигнат во што пократок рок до примачите/корисниците.
Заради тоа Ве молиме за трпение и разбирање.
Ваша Пошта на Северна Македонија
Македонски

