Share the post "Издадена поштенска марка по повод членството на Рпублика Северна Македонија во НАТО"
Република Северна Македонија во НАТО е поштенска марка со која Пошта на Северна Македонија го одбележа членството на нашата Држава во НАТО алијансата .
Поштенската марка чиј автор е Лариса Живковска Донев издадена во тираж од 6000 примероци и со номинална вредност од 30 ден., генералниот директор на Компанијата Ејуп Рустеми во име на вработените им ја испрати на: Претседателот на Државата Пендароски, Претседтелот на Собранието Џафери,
Претседателот на Влада Спасовски, вицепремиерот Османи, министрите Шеќеринска и Димитров, во Генералштаб на армијата и до градоначалникот на Град Скопје.
Поштенската марка исто така беше испратена и до седиштето на НАТО, и до амбасадорот на САД во Државата.
Во оваа прилика генералниот директор Рустеми истакна: „ Ова е успех, кој ни припаѓа на сите подеднакво, и претставува остварување на сонот на сите граѓани.
Поштенската марка е многу повеќе од парче хартија, таа е симбол на Државата, моќно средство за комуникација, и пред се, сведок на историскиот момент за нас и за идните генерации.
Споделувањето на заедничките вредности претставува мотив повеќе за сите нас, порака што ја испраќаме како компанија, која ги одбележува историските моменти во Државата“.