Почитувани корисници,
Во однос на написите во медиумите за проблеми со доставата на сметки за електрична енергија на домашна адреса, сакаме да ги информираме нашите корисници дека доставата на сметки се врши редовно на целата територија на Државата.
Според Законот за поштенски услуги „Примачот на поштенските пратки е должен да обезбеди поставување и одржување на куќно поштенско сандаче на влез на семејна или индивидуална станбена зграда, односно на влез на деловен простор, во кое ќе му бидат доставувани поштенските пратки. Куќните поштенски сандачиња треба да се одржуваат од страна на примачот на начин кој ќе обезбеди сигурна достава на поштенските пратки“. Воедно Законот за поштенските услуги утврдува и дека давателите на поштенските услуги нема да вршат достава на поштенските пратки доколку не се обезбедени претходно наведените услови.
Доколку постојат проблеми во доставата, ги молиме нашите корисници да ни се обратат, со цел надминување на проблемите со доставата за одредени реони.