Почитувани,
Поштата на Северна Македонија е компанија која е од особена важност за државата, а вработените како нејзин составен дел се главните чинители за развој на оваа значајна институција.
Наша цел како Управен одбор е Пошта на Северна Македонија да се развива, да се подобри ефикасноста на услугите, да се намалат трошоците и најважно да се зголеми профитабилноста.
Ова е дел од стратегијата на која работиме и воедно сакаме да ја известиме јавноста дека Пошта обезбедува средства за успешно функционирање и работење.
Во таа насока, Ве информираме дека благодарение на ангажманот на генералниот директор Орхан Куртиши, Управниот одбор и Владата на Република Северна Македонија, средствата за исплата на платите за вработените за месец јануари се обезбедени, заклучно со денешниот датум 02.02.2026 година.
Со почит,
Кабинет на генерален директор
Македонски

