Share the post "Известување за прием на пратки во меѓународен поштенски сообраќај"
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје во услови на актуелната состојба со коронавирусот (COVID-19), секојдневно прави напори за воспоставување на размена на пошта со повеќе земји.
Со оглед на затвореноста на аеродромот во Скопје и понатаму размената на поштенски пратки ќе се извршува по сувоземен односно површински пат.
Земји за кој е овозможен прием на пратки по сувоземен односно површински пат се:
– Австрија;
– Албанија;
– Босна и Херцеговина
– Бугарија;
– Германија;
– Грција;
– Италија;
– Косово;
– Молдавија;
– Романија;
– Словенија;
– Србија;
– Украина;
– Хрватска
– Црна Гора.
Напомена: Р. Турција е тргната од списокот на земји за кои се примаат поштенски пратки, од причина што Поштенската управа на Бугарија не прифаќа пратки во транзит за земји кои не се членки на ЕУ.
АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во Р. Северна Македонија се доставуваат до крајните корисници односно примачи.
Со оглед на работењето во вонредни околности со намалени капацитети во сите поштенски управи и начинот на транспорт на поштата, се известуваат корисниците да имаат разбирање за доцнењето во преносот, испораката и доставата на пратките.
Ви благодариме на подршката и разбирањето.