Share the post "Известување за прием на пратки во меѓународен поштенски сообраќај"
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје во услови на актуелната состојба со коронавирусот (COVID 19), секојдневно прави напори за воспоставување на размена на пошта со повеќе земји.
Со оглед на затвореноста на аеродромот во Скопје и понатаму размената на пошта ќе се извршува по сувоземен односно површински пат.
Земји за кој е овозможен прием на пратки по сувоземен односно површински пат се:
- Албанија;
- Бугарија;
- Германија;
- Грција;
- Косово;
- Молдавија;
- Романија;
- Србија;
- Турција;
- Украина и
- Црна Гора.
АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во Р. Северна Македонија се доставуваат до крајните корисници односно примачи.
Со оглед на работењето во вонредни околности со намалени капацитети во сите поштенски управи и начинот на транспорт на поштата, се известуваат корисниците да имаат разбирање за доцнењето во преносот, испораката и доставата на пратките.
Ви благодариме на подршката и разбирањето.