Почитувани корисници,
Поради затворање на Меѓународниот аеродром во Скопје на 18 март 2020 год., оневозможена е меѓународна размена на пратки кои АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје како назначен поштенски оператор на Државата ги врши со останатите назначени поштенски оператори во светот по авионски пат.
Од тие причини, има привремен прекин во прием на пратки од меѓународен сообраќај за сите држави, за кои, отпрема на пратки се врши по авионски пат, со исклучок на соседните држави.
Имено за Албанија, Грција, Србија, Бугарија и Косово постои можност за прием и отпрема на пратки, бидејќи размената на пошта со нив се врши по површински односно сувоземен пат.
АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје, работи на изнаоѓање на нови канали за отпрема на пратките во меѓународен поштенски сообраќај. Поради тоа е во постојан контакт со соседните држави, а за помош се обрати и до Меѓународното биро на Светскиот поштенски сојуз.
Периодов се случуваат пореметувања во глобалната поштенска мрежа заради затворањето на аеродромите низ светот, а состојбата се менува на дневна основа.
Вие, како наши корисници, навремено ќе добивате информации на нашата web страна и преку нашите шалтери.