Посета од страна на високи претставници на Тему
Почитувани корисници,
Согласно потпишаниот договор со Халк Банка, Ве известуваме дека покрај постоечките услуги кои може да ги извршувате на шалтерите на единиците на поштенска мрежа на цела територија на Државата, уплата на режиски трошоци, уплата на дневен пазар од правни лица, уплата на јавни давачки со образец ПП 50, од 27 јули 2021 на нашите шалтери може да ги извршувате следните услуги:
- уплата со Уплатница (обр. ПП10) за физички лица;
- Исплата на пензија на физички лица резиденти со Налог за исплата на готовина (обр. ПП40)- единствено за исплата на пензија од трансакциска сметка на физички лица-резиденти кои што пензијата ја примаат на трансакциска сметка во ХАЛКБАНК АД Скопје;
- пренос на средства од една на друга сметка со Налог за пренос на средства (обр. ПП30);
- безготовинско плаќање на јавни давачки (од сметката на клиентот кон трезорска сметка со Налог за плаќање на јавни приходи (обр. ПП50);
- безготовинско префрлање на средства од налогодавачот кон повеќе примачи (обр.ПП53)
Related posts