Share the post "Известување до корисниците на поштенски услуги по повод објавите на одредени веб портали"
Задоволството на нашите корисници ни е на преден план и затоа ги повикуваме сите незадоволни корисници да поднесат рекламации до Македонска пошта, која можат да ја направат и преку Веб страната на компанијата, со цел без предрасуди и прејудицирања за вина на Македонска пошта, реалноста да ја извадиме на виделина.
Постојано сме на страната на корисниците и Ве уверуваме дека Македонска пошта е последниот оператор – субјект на патот на испорака на пратките од интернет трговијата, а на наша сметка се даваат критики и за пропустите на субјекти кои се вклучени во процесот пред нас.
Македонска пошта, ангажирајќи се за подобрување на квалитетот на своите услуги, а со цел задоволството на корисници да биде на највисоко ниво, презема активности обичните пратки од интернет продажба кои ќе пристигнат во Македонска пошта да ги трансформира во книжени – препорачани пратки, со лепење на посебни бар кодови и истите да се внесат во системот за следење на пратки на Македонска пошта, и покрај тоа што ниту една директива на Светскиот поштенски сојуз не не обврзува за тоа.
За појаснување, во продолжение е опишан патот од испраќање на пратката до крајниот корисник:
Начинот на испраќање на поштенските пратки во меѓународниот поштенски сообраќај се врши по барање на испраќачот, согласно услугите кои ги врши давателот на поштенските услуги во зависност од земјата на потекло.
Испраќачот може да побара пратките да бидат испратени како: обично, препорачано, вредносно писмо, пакет, ЕМС пратка, со авион , површински и др.
Во овој контекст сакаме да напоменеме дека за сите видови пратки кои имаат третман на книжени пратки со исклучок на обичните пратки кои немаат приемен поштенски број дефиниран со следните карактеристики: две букви како ознака за видот на пратката, девет броја и две букви со кој се означува кодот на државата од која потекнува пратката, можат да се следат преку IPS системот (кој претставува интернационален поштенски систем за земјите членки на Светскиот поштенски сојуз) и Системот за следење на пратки на Македонска пошта.
Пратките од интернет нарачки кои по пат на пошта пристигнуваат во Република Македонија како и сите останати поштенски пратки од меѓународниот поштенски сообраќај пристигнуваат во Главниот поштенски центар односно во писмоносната и пакетската изменична пошта со посредство на авио поштата која врши преземање на поштенските заклучоци – вреќи во кои се отпремаат поштенските пратки од карго центарот на Аеродромот ТАВ во Скопје.
Сите поштенски пратки подлежат на царински надзор согласно одредбите на Царинскиот закон и меѓународните поштенски прописи.
При пристигнувањето на поштенските пратки на царинското подрачје на Р. Македонија, согласно царинските прописи во простории на поштата за царинење во рамки на Главниот поштенски центар, во присуство на најмалку два поштенски работника, а под надзор на царински службеник се врши издвојување на пратките, кои се пуштаат во слободен промет.
Тоа се главно пратки од некомерцијална природа кои се испраќаат од едно на друго физичко лице, подароци и др., пратки со помали вредности кои се ослободени од плаќање на царински давачки.
Сите други поштенски пратки кои содржат стока, а кои се испратени од странство од страна на правни лица, како и пратки кои се предмет на купопродажба во која категорија спаѓаат и пратките од интернет нарачки, подлежат на царински преглед и царински давачки и ДДВ, независно дали служат за лична употреба на примачот.
Царинењето на поштенските пратки се врши во Царинската испостава пошта – Скопје, која е сместена во просториите на Главниот поштенски центар при Македонска пошта.
По спроведување на царинската постапка пратките повторно се враќаат во писмоносната и пакетската изменична пошта каде во вид на заклучоци – вреќи се отпремаат до поштенските центри за достава и испорака до крајните корисници.
Преработката на пратките и нивното отпремување секогаш се врши комисиски односно во присуство на најмалку два поштенски работника и истото е пропратено со манипулативни исправи кои задолжително се потпишуваат и заверуваат од страна на пошенските работници.
Просториите во кои се спроведуваат работните активности се под постојан видео надзор со што можностите за било какви злоупотреби и кражби од страна на вработените се сведени на минимум.
По пристигнување на поштенските пратки во одредишни пошти исто така се врши комисиско отворање на заклучоци (вреќи) и задолжување на доставни реони односно пошторазнесувачи со пратки.
При тоа, сакаме да напоменеме дека сите поштенски пратки со тежина до 10 кг. се доставуваат на домашна адреса било преку пошторазнесувачи кои вршат доставување на поштенски пратки до 2 кг. или преку организирана достава со возило на пакети на домашна адреса.
Би сакале да напоменеме дека и просториите во поголемите поштенски центри низ Р. Македонија се опремени со видео надзор со што можностите за кражби се сведени на минимум .