Почитувани корисници,
Ве известуваме дека АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје, согласно добиеното одобрување од Агенцијата за пошти на Република Северна Македонија (Решение УП.I.бр.02-99 од 11.08.2023 година), изврши промена на цените за поштенските услуги кои ги обезбедува во опфатот на универзалната услуга во меѓународниот поштенски сообраќај.
АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, согласно обврските кои произлегуваат од законската регулатива за поштенското работење, промената на цената на услугата ја објави во дневните весници („Слободен печат“, Нова Македонија“ и „LAJM“ на 16.08.2023 година. Новиот Ценовник на универзална услуга во меѓународниот поштенски сообраќај кој се применува од 01.09.2023 година е објавен на веб страната на друштвото (www.posta.com.mk).
Исто така Ве информираме дека Управниот одбор на АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, ги одобри цените утврдени во Ценовникот надвор од опсегот на универзална услуга во меѓународен поштенски сообраќај и цените утврдени во Ценовникот на посебните, дополнителните и други услуги поврзани со поштенските пратки во меѓународниот поштенски сообраќај, така што истите ќе се применуваат од 01.09.2023 година, а ценовниците ќе се објават на веб страната на Друштвото (www.posta.com.mk).
За сите дополнителни информации во врска со користење на услугите и склучување на договор за деловна соработка, Ве молиме да се обратите до Сектор за маркетинг и продажба на контактите наведени на веб страната на Друштвото
Со почит.
Скопје,
17.08.2023 г
Сектор за маркетинг и продажба