„Поштата во дигиталната ера“ е тема на работилницата што во организација на Македонска пошта се одржа во Бизнис салата на Скопски саем, на 28 јануари, на која покрај претставници од Македонска пошта учествуваа и претставници од Агенција за пошти.
Во своето воведно излагање генералниот директор на Македонска пошта, г. Фаадис Реџепи истакна: „Не бегаме од одговорноста и секојдневно се трудиме да го фатиме чекорот со новите трендови во поштенското работење, да го подобриме квалитетот на постојните услуги и да воведеме нови, а се со цел да бидеме поблиску до нашите корисници.Успехот не доаѓа преку ноќ, за тоа е потребна упорност, знаење, меѓусебна почит и над се посветеност.А, тоа го поседуваме, и нема да биде премногу ако кажам дека тоа ќе го покажеме преку секојдневното работење,грижа за секој корисник поединечно ,а најмногу со нашиот домаќински однос, затоа што Македонска пошта е наш заеднички дом,затоа без колебање треба да дадеме се од себе“.