Почитувани,
Ве известуваме дека во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ граѓаните добиваат пораки на телефон дека нивните пратки нема да бидат доставени поради непотполна адреса и лични податоци.
АД „Пошта на Северна Македонија “ не стои зад овие објави. Секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и подлежи на кривична и друга законска одговорност.
Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи.
Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта.
За сите информации во врска со вашите пратки и работењето на Пошта, ве молиме да ја посетете нашата официјална веб страна ww.posta.com.mk
Related posts