Претставници на Македонска пошта предводени од генералниот директор Фаадис Реџепи во текот на вчерашниот ден остварија средба со градоначалникот на општина Тетово, г-ѓа Теута Арифи.
За време на средбата, генералниот директор ги информираше претаставниците на општина Тетово за „Неделата на хуманост“ што започнува од денес – понеделник 10 август и ќе трае до 15 –ти август сабота.
Во оваа пригода, а во име на вработените на Македонска пошта, дозволете ми уште еднаш да изразам сочуство за настраданите во оваа природна катастрофа, што го зафати тетовскиот крај, рече во своето обраќање до градоначалникот на општина Тетово, г-ѓа Теута Арифи, генералниот директор на Македонска пошта, г. Фаадис Реџепи.
Related posts
Македонски
Shqip




