Share the post "Заменик амбасадорот на Австрија во посета на Пошта на С. Македонија"
Соработка и подобрување на квалитетот на поштенските услуги, особено во делот на дигитализацијата и електронската трговија, беа тема на денешниот работен состанок на генералниот директор Орхан Куртиши и заменик амбасадорот на Австрија во Македонија,Матијас Хуменбергер.
Генаралниот директор Куртиши посочи дека остварил средба и со заменик генералниот директор на Австриската пошта на кој исто така е изразена подготвеност за продлабочување на соработката помеѓу двете пошти и потенцираше дека начинот на кој функционира Поштата во Австрија е пример за тоа како треба да работи една пошта.
Предизвиците со кој се соочува поштенскиот сектор како и нелојалната конкуренција исто така беа дел од разговорите на денешната работна средба, а поддршката од Светскиот поштенски сојуз секогаш е добредојдена, истакна генералниот директор Куртиши.
Работната посета беше заокружена со разгледување на опожарената шалтер сала, која со својата архитектура претставува место на кој може да се одржуваат културни настани, заклучи Хуменбергер.
Македонски









