Share the post "Експерти од PostEurop и Светскиот поштенски сојуз во посета на Македонска пошта"
Експерти од PostEurop и Светскиот поштенски сојуз, почнувајќи од денес 27 ноември 2017 год., до крајот на неделата, 01 декември 2017 год., се во работна посета на Македонска пошта. Целта на посетата е скенирање и ревизија на технолошките процеси во Македонска пошта. Поради тоа, во текот на неделата експертите од PostEurop и Светскиот поштенски сојуз заедно со претставници од Македонска пошта ќе го посетат Главниот центар за поштенски сообраќај Скопје 2, поштата за авио пратки, а ќе ги посетат и единиците на поштенска мрежа.
Мајра Лоди, опертивен менаџер од PostEurop на состанокот со менаџерскиот тим на Македонска пошта истакна дека се тука на барање на Македонска пошта, и целта е да се одговори на предизвиците кои се поставени пред компанијата, а во интерес на корисниците на поштенските услуги. Генералниот директор на компанијата, Фаадис Реџепи во име на менаџерскиот тим им посака добредојде и рече„ верувам дека ќе бидеме на ниво на поставените цели, и со помош на добиените препораки од вашата работа, компанијата ќе продолжи со засилено темпо, да се движи во правилна насока“.