Share the post "Државно првенство во брзо одење за поштаразнесувачи во Скопје"
Во организација на Синдикалните организации на АД Македонска пошта се одржа 19-то Државно првенство во брзо одење за поштаразнесувачи во Скопје на ден 10.06.2012 год.
На натпреварувањето учествуваа натпреварувачи од сите Подружници на А.Д “Македонска пошта” кои се натпреваруваа во машка и женска категорија. Натпреварот се одржа на патеката на кејот на Вардар со почеток во 10.00 чaсот со должина на патеката од 2,5 км, односно натпреварот во категорија мажи се одржа во четири круга во должина од 10 км, додека во категорија жени натпреварот се одржа во два круга во должина од 5 км.
Пред означувањето на почетокот на трката Генeралниот Директор на А.Д “Македонска пошта”, г-дин Рафис Аљити им се обрати на натпреварувачите поздравувајќи го ова традиционално натпреварување во брзо одење и им посака успешна трка на сите учесници, а на првопласираните натпреварувачи успех на Балканијадата во брзо одење која годинава ќе се одржи во Р.Турција
Првоппласираните пет места во машка категорија кои ќе ја претставуваат А.Д “Македонска пошта” на Балканијадата во брзо одење во Р.Турција се :
Прво место – Зоран Димов –поштаразнесувач – Подружница Велес
Второ место – Трајче Михов -поштаразнесувач – Подружница Велес
Трето место – Виктор Толевски – поштаразнесувач – Подружница Велес
Четврто место – Тони Веловски – поштаразнесувач – Подружница Битола
Пето место – Миладин Ѓурчиновски – поштаразнесувач – Подружница Скопје -2
Првопласираните три места во женска категорија кои ќе ја претставуваат АД Македонска пошта на Балканијадата во брзо одење во Р.Турција се :
Прво место – Тања Ѓурчиноска – Подружница Кичево
Второ место – Билјана Цекова – Подружница Штип
Трето место – Даниела Трајковска – Подружница Штип