Share the post "Државен архив – столб на македонското битие Промовирана поштенска марка"
Во чест на 75 години од основањето на Државниот архив на Македонија, АД „Пошта на Македонија“ издаде поштенска марка, приклучувајќи се кон активностите на Државниот архив за достојно одбележување на јубилејот.
„Пошта на Македонија која е чувар на традицијата исто како и Архивот ја има оваа чест да испечати поштенска марка со која заедно го одбележуваме јубилејот „75 години Државен архив“. Ова мало парче уметничко дело, со извонредно значење е вистинскиот амбасадор на Македонија, затоа што преку поштенските марки ја афирмираме нашата историја, култура –нашата богата традиција“, рече Бојан Кереместевски, директор на Сектор за поштенски операции.
Дизајнот на поштенската марка е на Јован Стојановски, номиналната вредност е 43 ден., а издадена е во тираж од 6000 примероци.
Македонски








