Share the post "ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ ПО ПОВОД 22 АПРИЛ – ДЕНОТ НА ПОШТЕНСКИТЕ РАБОТНИЦИ"
На ден 22 април – денот на поштенските работници во салата 19:19 во Културно Информативниот Центар во Скопје
се одржа пригодна свеченост на која се доделија традиуционалните награди за оние кои слават 15 односно 30 години стаж во А.Д. “Македонска пошта“. Воедно, се доделија и посебни награди за најуспешни поштенски работници (од секоја Подружница се одбра по еден) за 2011 година.
По тој повод на присутните им се обрати генералниот директор на Македонска Пошта, г-дин Рафис Аљити кој меѓудругото истакна: “Една од најголемите придобивки на организациската клима во компанијата е лојалноста. Да се биде лојален кон пошта не значи само да не заминеш од пошта, туку да се надминеш себеси и да успееш да ги задоволиш потребите на корисниците. Сите би сакале да бидеме лојални меѓутоа да се биде на ниво на задачата цели 15 (петнаесет) или 30 (триесет) години секако е за почит.
Дозволете ми да Ви го чеситам денот на поштенските работници на сите вработени во Македонска пошта. Воедно Вам (на славениците) да Ви честитам за Јубилејот и да Ви посакам мотивирачка средина, многу здравје како и среќа за Вас и Вашите фамилии.”