Претставници од месната заедница на село Шипковица и претседателот на кризниот штаб за поплавите во Шипковица, денес, 28 декември 2015 год., на генералниот директор на Македонска пошта, г. Фаадис Реџепи му доделија благодарница, изразувајќи ја својата благодарност за поддршката и помошта што Македонска пошта му ја даде на населението во тетовскиот регион за време на полавите.
Во оваа прилика генералниот директор Фаадис Реџепи во свое име и во име на вработените на Македонска пошта се заблагодари и рече:
„Задоволство ми е што компанијата на чиие чело сум и вработените во соработка со Црвениот крст на Р.Македонија придонесоа барем за момент да ги ублажат страдањата на населението во тетовскиот регион за време на поплавите. Ви посакувам се најдобро во новата 2016 год., со надеж дека во иднина вакви природни катастрофи нема да се повторат.