Share the post "Управата на Македонска пошта во службена посета на Пошта Бугарија"
Управата на Македонска пошта во службена посета на Пошта Бугарија
Целта на посетата е воспоставување на соработка и размена на искуства помеѓу двете компании.
Во текот на посетата, Рустеми оствари средба со својот колега Дејан Данешки, а тема на разговорот беа тековните активности на двете поштенски управи и предизвиците со кои се соочува поштенскиот сектор.
Рустеми истакна дека оваа соработка ќе даде видливи резултати во разни области, во интерес на нудење на квалитетни услуги за граѓаните на двете земји. Оваа посета претставува значаен момент во односите помеѓу двете компании.
Претставниците на двете пошти имаат за цел меѓусебна подршка во областа на поштенската дејност, која ќе биде од взаемен интерес.
Директорот на Пошта Бугарија Данешки се согласи да понуди професионална подршка на нашата компанија во многу сектори, а целта е да се понудат квалитетни искуства кои ќе влијаат на развивање на професионалните способности, креирајќи можности за подобрување на работата.
За време на престојот во Софија, генералниот директор Рустеми го придружуваа директорот за продажба и маркетинг Драги Цветковски и раководителот за поштенски сообраќај Ирфан Ибраими.