Медиумите се пребукирани со рекламни пораки! Кога отварате весник, вклучувате телевизор, радио, компјутер, возите автомобил, рекламите Ве “притискаат” од сите страни.
Во таков хаос од рекламни пораки мошне е тешко да го издвоите својот производ или услуга.
А сега, замислете некој што ќе влезе во секој дом или компанија во Македонија и ќе му се обрати лично на потрошувачот! Кога тоа би му го довериле на човек, би Ви требале бесконечно време и огромни средства. Но кога тоа би n го довериле на Директната пошта работата би била завршена за час, а трошоците за реклама би биле неспоредливо помали од било кој друг медиум.
Вашите летоци, каталози, примероци, купони и сл. со Директна пошта доаѓаат точно до целните групи за кои се наменети.
Со Директната пошта Вашиот рекламен материјал доаѓа до вистинската врата!
Чекор 1
Ако имате голем број пратки и на ниво на целата Република контактирајте го Секторот за маркетинг. Ако пратките Ви се само за територијата на една подружница, контактирајте ја односната подружница на Македонска пошта.
Чекор 2
Изберете меѓу адресирано или неадресирано доставување. Со избор наадресирано доставување на материјалите, корисникот може сам да адресира или тоа да и го препушти на Македонска пошта. Доколку се избере услугата неадресирано доставување на материјалите потребно е корисникот само да ја назначи целната група до која сака рекламниот материјал да i биде доставен.
Чекор 3
Вашите материјали во најкус рок доаѓаат до вистинската врата.
*Доколку сте заинтересирани за склучување на Договор за деловна соработка за услугите кои ги нуди АД Македонска пошта-Скопје контактирајте го Секторот за маркетинг и продажба.
Превземи во PDF: Барање за склучување договор
Сектор за маркетинг и продажба
Тел. 02/3105 112 и 3105 122
e-mail: darko.mateski@posta.com.mk