Делегацијата беше предводена од г. Урлик Фалкнер Тагесен, главен извршен директор на групацијата E-boks, која има докажано искуство во соработка со поштенски организации со цел истите да останат релевантни на пазарот, во следење на барањата на корисниците, како и оптимизирање на трошоците во работењето.
Оваа посета е предложена и реализирана како дел од агендата за дигитализација на Владата. За таа цел, на работниот дел од состанокот беше презентирано решение на Е-boks за дигитализација на поштенските услуги.
Исто така беа разменети мислења и информации поврзани со поштенскиот бизнис во С. Македонија, односно примарните деловни иницијативи кои се во фокус на Пошта. Од страна на генералниот директор на Пошта беше изразен интерес и подготвеност за идна соработка како дел од активностите на Владата, а во насока на дигитализација на работењето на државните претпријатија и имплементација на безбедни е-услуги на граѓаните.