Share the post "Промовирана поштенската марка„Фискална во рака – награда без мака“"
Г. Алити објасни: „Со оглед на тоа дека најголем дел од писмата се испраќаат преку Македонска пошта, ние и нашето Биро за филателија, во договор со Владата на Република Македонија подготвиме поштенски марки кои ќе бидат наменски за наградната игра и ќе можат да се употребуваат само за неа. Но, она што е најважно за граѓаните кои сакаат да учествуваат во играта е дека Македонска пошта одлучи да ја намали цената на овие поштенски марки за 50 проценти, поточно, овие поштенски марки ќе можете да се купат по симболична цена од 8 денари.“
Денеска, на 13 јануари во 14 часот, во поштенската единица на „Македонска пошта“ во Градскиот трговски центар, Директорот на Македонска пошта, г. Рафиз Алити заедно со Заменик на Претседателот на Владата и министерот за финанси – Зоран Ставрески промовираа две, нови, наменски поштенски марки кои ќе можат да се употребуваат исклучиво за потребите на граѓаните на Република Македонија за наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“.
Според зборовите на Директорот на Македонска пошта, овие поштенски марки од денес се пуштени во оптек со почетен тираж од милион примероци и ќе бидат по симболична цена од 8 денари.
Г. Алити објасни: „Со оглед на тоа дека најголем дел од писмата се испраќаат преку Македонска пошта, ние и нашето Биро за филателија, во договор со Владата на Република Македонија подготвиме поштенски марки кои ќе бидат наменски за наградната игра и ќе можат да се употребуваат само за неа.
Но, она што е најважно за граѓаните кои сакаат да учествуваат во играта е дека Македонска пошта одлучи да ја намали цената на овие поштенски марки за 50 проценти, поточно, овие поштенски марки ќе можете да се купат по симболична цена од 8 денари.“
Покрај Директорот на Македонска пошта, обраќање имаше и Заменик Претседателот на Владата и министерот за финанси – Зоран Ставрески кој по повод пуштањето на овие поштенски марки во оптек, кажа: „сигурен сум дека со одлуката на Македонска пошта за пласирање на новите наменски поштенски марки со преполовена цена, наградната игра ќе ѝм даде повеќе можности на граѓаните да учествуваат во неа, а дополнително правиме напори да овозможиме да се примаат пликоата и во поголемите маркети во државата. Во секој случај, со новите поштенски марки на Македонска пошта, очекуваме граѓаните да ги праќаат своите пликоa преку нив и да добијат можност да освојат многу вредни награди. “
На промоцијата Генералниот директор на Македонска пошта, г. Рафиз Алити му подари примероци од новите поштенски марки на Министерот за финансии, Зоран Ставревски.