Share the post "Делегација на Македонска пошта во работна посета на Пошта Косово"
Делегација на Македонска пошта предводена од генералниот директор Ејуп Рустеми во придружба на менаџерскиот тим во состав – директор за поштенски операции, Ремзи Абдулаху, раководител за поштенски сообраќај Ирфан Ибрахими, денес ја посетија Пошта Косово во Приштина, со цел, реализација на работен состанок со главниот извршен директор на Пошта Косово Сејди Хоџа и неговиот тим.
Оваа посета има за цел да се одреди начинот на имплементација и подготовка на поштенските формулари после промената на името на Државата и службената употребата на албанскиот јазик, како и продолжување на соработката помеѓу двете поштенски управи.
Главниот извршен директор на пошта Косово Сејди Хоџа изрази подготвеност за соработка и силна поддршка за успешно реализирање на промената на формуларите кои сега ќе бидат и на албански јазик.
Македонска пошта и Пошта Косово имаат одлична долгогодишна соработка во разни области, а во интерес на граѓаните од двете земји да им се понудат квалитетни услуги