Share the post "Дваесетичетири часовно работно време на поштенската единица 2401 во Струмица"
Ве известуваме дека АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ – Скопје, на барање на Министерството за внатрешни работи на РМ – СВР Струмица, а со цел овозможување на граѓаните да вршат уплати по предмети кои произлегуваат од работењето на Министерството за внатрешни работи, на ден 05.09.2017 и 06.09.2017 година (заради одржување на фудбалскиот натпревар Македонија-Албанија) организира работење на поштенската единица 2401 Струмица, лоцирана на ул. 11–ти Октомври бр. 1 во Струмица до 24.00 часот на 05.09.2017 год., и од 00.00 часот до 14.00 часот на 06.09.2017 год..
По истекот на наведениот период поштенската единица 2401 Струмица ќе продолжи да работи со веќе утврденото работно време.