Посета од страна на високи претставници на Тему
Share the post "Генералниот директор на Пошта, Орхан Куртиши, учествуваше во промоцијата на поштенската марка посветена на Луигј Гуракуќи, во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците"
Денес, како директор на Пошта на Северна Македонија, имав задоволство да учествувам во промоцијата на поштенската марка посветена на Луигј Гуракуќи, во стогодишнината од неговата смрт. Овој настан има посебно значење бидејќи го оддава почитта на една од најважните личности во историјата на Албанија, која придонела во клучни настани како Конгресот во Битола и прогласувањето на Независноста. Со издавањето на оваа марка, Пошта на Северна Македонија дава свој придонес во зачувувањето на сеќавањето за личностите кои дале несебичен придонес за албанскиот народ. Благодарност до сите кои го овозможија овој проект.
Во своето обраќање, директорот Куртиши ја пофали улогата на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во зачувувањето и промоцијата на историјата, културата и иденитетот на Албанците. Тој истакна дека овој институт е важна столб за развојот и збогатувањето на научното знаење за нашето наследство и дека преку својата работа придонесува за осветлување на многу аспекти од нашата национална историја.
На настанот присуствуваа истакнати личности од академската, политичката и културната сфера, кои ги споделија своите размислувања за важноста на оваа иницијатива и нејзиното влијание во збогатувањето на историското и културното знаење.
Related posts