
Share the post "Граѓаните сакаат и имаат доверба да плаќаат сметки во Пошта М-р Јани Макрадули–генерален директор на Пошта во Утринската програма на МТВ"
Генералниот директор, м-р Јани Макрадули воутринската програма на Националниот сервис-МТВ 1, потенцираше дека по неколкумесечна пауза, повторно на шалтерите на Пошта се извршува платниот промет, кој веќе функционираво 35 поштенски единици, а во текот на овој месец услугата ќе биде достапна во над 300 точки на Пошта на Северна Македонија. Макрадули посочи дека се реактивираат уште 6 пошти во Скопје каде граѓаните ќе може да плаќаат сметкии тоа во ГТЦ, Рамстор, Нова Македонија, Аеродром, Кисела Вода кај Рампа и на Бит Пазар.
Интересот на граѓаните за користење на услугите од платниот промет е огромен, а доказ за тоа се направените трансакции во само еден – над 5.100 трансакции.
Во инервјуто, генералниот директор, м-р Јани Макрадули објави дека во изминативе 3 месеци потпишани се договори со нови клиенти за вршење на достава на нивни продукти. Следно е воведување на електронска трговија, со цел можност за испраќање на подароци, а се работи и на постигнување на договор за дистрибуција на сликичките на Панини за Европското првенство во фудбал, каде оваа година учествува и нашата репрезентација и тоа сѐ во интерес на корисниците, кои почнаа да ја враќаат довербата во Пошта.