Активностите на Македонска пошта за справување со последиците од невремето во скопскиот регион продолжуваат. Денес над 50 вработени на Македонска пошта учествуваат во расчистување на теренот и домовите на населението во настраданите подрачја.
Претходно за населението погодено од поплавите Македонска пошта донираше поголема количина на средства за лична хигиена и прехрамбени производи. Веруваме дека преку овие активности, но и на оние што ќе следуваат, а кои ќе ги организира компанијата во соработка со Црвениот крст на Република Македонија за помош на настраданите подрачја ќе ги ублажиме последиците од невремето, за семејствата во најкраток период да ја почуствуваат топлината на своите домови.
Related posts