Share the post "Во Македонска пошта започна воведувањето на стандардите ISO 9001 и ISO 14001"
Денес во Македонска пошта започна процесот на воведување ISO стандардите 9001 и 14001. Целта на воведување на стандардите е подобрување на системот за квалитет во компанијата кој ќе доведе до остварување на поставените цели во поглед на квалиетотот во работењето и давањето на квалитетни услуги, рече во своето воведно излагање генералниот директор Фаадис Реџепи.
Воведување на ISO 9001 стандардот е со цел да се зголеми ефикасноста во компанијата низ примена на целокупните процеси од работењето, односно обезбедување на врска помеѓу поединечните процеси, секторите и нивна интеракција. Додека, ИСО 14001 стандардот ги дефинира барањата за заштита на животната средина. Тој претставува алатка која ќе и овозможи на Македонска пошта да ги идентификува и контролира своите активности и нивното влијание врз животната средина. Искрено се надевам дека денес започнатиот процес ќе биде уште еден успешно реализиран проект кој ќе придонесе за подобрување на работењето на нашата компанија, потенцираше генералниот директор Реџепи.
На денешниот воведен состанок за значењето од воведување на ISO стандардите зборуваше и директорот на консултантската фирма со помош на која ќе се реализира споменатиот проект.