Почитувани корисници,
Ве известуваме дека АД „Пошта на Северна Македонија’ – Скопје воспостави размена на пошта со Германија. Размената на пошта ќе се извршува по сувоземен односно површински пат еднаш неделно.
Врз основа на горенаведеното Ве известуваме за следново:
Земји за кој е овозможен прием на пратки по сувоземен односно површински пат се: Албанија, Грција, Косово, Бугарија, Романија, Турција и Германија.
Со оглед на работењето во вонредни околности со намалени капацитети во сите поштенски управи и начинот на транспорт на поштата, се известуваат корисниците да имаат разбирање за доцнењето во преносот, испораката и доставата на пратките.
Ви благодариме на подршката и разбирањето.
Related posts