Share the post "Благодарност од Амбасадата на Јапонија за издавање на поштенската марка посветена на Кензо Танге"
Почитуван г.Рустеми,
Дозволете ми да Ви честитам за прекрасната работа што Вие и вашите вработени ја направивте со издавањето на пригодна поштенска марка за Кензо Танге.
Го поздравувам вашето лидерство и интуиција, како и професионализмот на вашиот тим. Благодарен сум што нашата Амбасада може да биде дел од овој прекрасен проект.
Ова е за нас навистина најпрекрасниот проект досега со кој се потврдува долгогодишното пријателство меѓу нашите две земји и народи.
Ви благодарам за подарокот што ни го испративте; плакетата со пригоднa маркa, пригодните марки и жигосаните пликоа.
Ќе ги изложиме во Амбасадата, како и за време на нашите културни активности како признание за нашето пријателство. Би сакале, исто така, да ги промовираме марките на фејсбук профилот и веб страната на Амбасадата.
Со ваша дозвола, ќе испратиме неколку во канцеларијата на Кензо Танге во Токио. Тие соработуваа во овој проектот и ќе им биде драго да ги видат.
Ви благодарам уште еднаш, г. Рустеми, за вашето пријателство.
Се надевам дека нашето пријателство уште повеќе ќе се продлабочи во иднина.
Со почит,
Кеико Ханеда
Амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија