Share the post "Активно учество на 54 –от Пленарен состанок на Европскиот комитет за поштенска регулација ЦЕРП"
Активно учество на 54 –от Пленарен состанок на Европскиот комитет за поштенска регулација ЦЕРП
Најновите предизвици на Светскиот поштенски сојуз, поштенската регулатива на Европската Унија која има за цел создавање единствен пазар, соработката помеѓу европските земји, беа во фокусот на 54 –от Пленарен состанок на Европскиот комитет за поштенска регулација ЦЕРП, кој се одржа на 12-13 јуни 2019 година во хотелот Холидеј ин, а на која учествуваше Пошта на Северна Македонија. Домаќин на состанокот во Скопје беше Агенцијата за пошти.
Тема на настанот беше –Создавање подобри поштенки услуги заедно.На оваа конференција беа присутни околу 30 земји од Европа, а присуствуваа и преставници од нивните национални регулатори. За време на одржувањето на конференцијата врвни експерти од повеќе области ги презентираа можностите и алатките кои ќе овозможат подобррување и олеснување на проблемите, детектирани во технолошкиот процес, при протокот на пратки. Улогата на Европскиот комитет за поштенска регулација е да ги проучува регулаторните прашања во европски контекст, земајќи ги предвид разликите помеѓу регулативниот и оперативниот аспект во поштенскиот сектор, како и да го оцени влијанието на меѓународните регулаторни политики во сите земји на ЦЕРП.
На Пленарниот состанок, поздравен говор имаше и генералниот директор на Пошта на Северна Македонија Ејуп Рустеми.
Состанокот на ЦЕРП се оцени како успешен, бидејќи се одржува во исклучителен момент за државата ,со оглед на тековниот процес со ЕУ, за успешно транспортирање и примена на одредбите на третата поштенска директива во домашното национално законодавство и очекуваното започнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ.