Приоритетните активности на АД „Пошта на Северна Макeдoнија“ – Скопје во 2021, имаат за цел:
ФИНАНСИСКО СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА
Преку:
- Подобрување на технолошкиот процес
- Воведување иновативност во оперативниот процес
- Воведување нови услуги
- Нова ценовна политика
- Промовирање ефикасност во работата, особено во доставата
- Освојување на нови пазари
Во услови на финансиски негативни резултати од претходната година, подобрувањето на работењето ќе се направи користејќи:
- Современи дигитални алатки;
- Соодветна прераспределба на тековно расположивиот човечки потенцијал;
- Намалување на непродуктивните трошоци;
- Предвидување на инвестиции кои се реално остварливи;
- Соработка со поштите од регионот;
- Користење на меѓународни фондови;
Намалување на непродуктивни трошоци
- Трошоци за репрезентација
- Трошоци за канцелариски материјал
- воведување на е-обрасци;
- Трошоци за гориво
- набавка на GPS систем за следење.
- Начин на затоплување на простории
- Замена на начинот на греење со еколошки извори;
- Намалување на број на вработени
- Природен одлив во пензија
- Пресраспределба
- Фузија на сектори
- Нова систематизација
Воведување платформа за е-трговија
Електронската трговија е концепт кој е еден од основните столбови за опстојување на работењето на поштите во светот во овој момент, особено во ковид и пост-ковид периодот.
Денес:
- во современите пошти, електронската трговија носи и до 68% од приходите;
- во Ковид периодот, во нашата држава, електронската трговија пораснала за 49%;
- во Македонија секој 4-ти граѓанин користи Интернет;
- одредени деловни субјекти имаат потреба за достава и до 600 пакети дневно;
Затоа, АД „Пошта на Северна Македонија“ , мора да го освои просторот и да ја пресретне потребата за зголемен пакетски сообраќај.
За постигнување на таа цел, потребно е:
- Дефинирање на нови цени
- Сегментација или категоризација на клиентите;
- Усогласување со постоечки правилници и упатства;
- Особено во цените и сегментација на клиентите;
- Нова организациска поставеност;
- Ново работно време на одредени организациски единици;
- Воведување на двосменско работење
Изработка на нова апликација „ПРАТКИ“
Новата апликација треба, не само да ги надгради постоечките функции, туку и да интегрира потреби од неколку други сектори, преку соодветни модули:
- Модул Шалтер
- Модул Поштар
- Модул План&Анализа
- Модул Следење
- Модул Мониторинг
Нова организациска поставеност
Спојување на Службата за големи корисници и ЕМС организацискаа единица. Потребно е утврдување на систематизација за новата организациска единица. После формирањето на новата организациска единица, ќе се дефинира посебно работно време за истата, особено пред празници или други периоди дефинирани од Управниот одбор. Ова е и препорака од внатрешната ревизија во АД „Пошта на Северна Македонија“.
- Подобрување на доставата
- Анализа и воведување на ново работно време за поедини служби и сектори;
- Зголемување на процентот во достава D+1
- Унапредување на службата за меѓународен сообраќај
- Воведување на поштенски плакари за помали пакети;
- Изработка на ГИС апликација
- за реонализација на постоечките објекти и улици
- контрола на пошторазнесувачите;
Обврски од препораките од Ревизорскиот извештај
- Усогласување на Колективниот договор со Законот за работни односи
Решавање на имотнонправните односи
АД „Пошта на Северна Македонија“ располага со многу недвижен имот кој до овој момент се третира како трошок, а не како шанса за подобрување на финансиската состојба и технолошкиот процес. Затоа е од особен интерес за ликвидноста на претпретијатието, да се ослободи од товарот на непродуктивни трошоци во однос на недвижен имот. Како приоритетни активности се наметнуваат:
- Завршување на поделбата на заедничкиот имот со Телеком;
- Редифинирање на локациите на одредени објекти во состав на АД „Пошта на Северна Македонија“;
- Продажба на објекти кои се со чисти имотни листови;
Да се разгледа можноста за набавка на комбе – шалтер, кое ќе покрива оддалечени насалени места.
- Web страна
Водени од приоритет за транспарентност во работењето, како и промовирањето на активностите на АД „Пошта на Северна Македонија“, постоечката Web страна, и технолошки и организациски не може да ги следи новите приоритети и активности. Затоа е потребно:
- Дефинирање на човечки потенцијал и соодветни задачи. Координатор на активностите: шеф на кабинет на генерален директор;
- Утврдување на потребни чекори за креирање нова, современа Web платформа;
Еколошка компонента
АД „Пошта на Северна македонија“ мора да демонстрира и јасна еколошка свест. Може да се идентификуваат неколку приоритетни активности:
- Селектирање на пластика;
- Поставување на лед сијалици
- Замена на хартиени документи со електронски форми;
- Воведување еко-мопеди за достава;
Call/Инфо центар
- „Интегриран „кол-центар“ – Бројот на прашања, сугестии и коментари (позитивни и негативни) пристигнуваат во огромен број на дневна основа на e-mail адресата на Пошта, преку јавните телефонски линии, како и преку официјалната Фејсбук страна на Пошта на Северна Македонија. Нивниот број достигнува и повеќе од 10 на дневна основа. Со тоа, станува очигледна потребата од брза и ефикасна респонсивност со цел надминување на сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат клиентите на компанијата.
Лицата кои ќе бидат ангажирани во овој „интегриран кол центар“ ќе бидат од редот на вработените во компанијата, а ќе бидат организирани во две смени. Исто така, тие ќе мора да одржуваат тесна координација со сите останати вработени и раководители на сектори со цел навремено и брзо да ги добијат и пренесат бараните одговори.
Дефинирање на соодветни правилници и упатства кои ќе ги регулираат сите односи помеѓу секторите.
Подобрување на условите за работа на поштарите
Активност:
- Набавка на униформи и средства за работа;
Промотивни активности
- Засилени активности и промоција на „шалтер салата“ во процесот на утврдување како заштитетн споменик на културата;
- Отворање на Музеј на филателија и поштенска уметност во Република Северна Македонија;
Соработка со државните институции
- АД „Пошта на Северна Македонија“да ги расчисти сите долгови со државните институции;
- Склучување меморандум за соработка со ЗЕЛС за достава на документи во рамките на единиците на локалната самоуправа, како и јавните комунални претпријатија со информирање за новите цени;
- Овозможување на систем кој на шалтерите на АД „Пошта на Северна Македонија“ ќе нуди услуги генерирани од порталот, e-uslugi.gov.mk
- МВР
- Потребно е формирање на работна група за предлог измени во законодавството, кое ќе овозможи достава на лични документи кон граѓаните;
- МЗШВ
- Апликации за субвенции, известувања, решенија, приговори;
- МТСП
- Решенија по кој било основ;
- Промоција на соработката со Управата за матична евиденција
- Изработка на промотивен материјал за промоција на услугата Промоцијата ќе биде на Web страната и facebook страната;
Меѓународна соработка
- Следење на препораките на UPU и
- Светскиот поштенски сојуз (UPU) ги објави плановите за развој на новата програма за одржливост на животната средина;
- Аплицирање за средства за подобрување на доставата преку:
- Набавка на handheld уреди за пошторазнесувачи;
- Изработка на софвтерска платформа за поддршка на уредите;
- Засилена комуникација со поразвиените пошти од регионот за набавка на користени уреди кои можат да го подобрат технолошкиот процес
- Прв приоритет, сортирка
АД „Пошта на Северна Македонија“ како и во секоја фирма која работи под пазарни услови треба да го промени својот однос и разбирање за конкурентен бизнис;
АД „Пошта на Северна Македонија“ мора да излезе од монополистичката матрица и да стане клучен пазарен играч во бизнисот на достава;
Друштвото мора да настојува да го подобри своето портфолио на услуги, да се подобри технолошкиот процес, односно да се скратат роковите за достава на писма и други поштенски услуги.
Имајќи предвид дека друштвото располага со најразвиена поштенска мрежа, голем број на обучени поштенски работници и број на возила, потребно е да се преземат активности за настап на либерализиран пазар на поштенски услуги.
Со новата ценовна политика на друштвото, се овозможува поголема достапност кон услугите, и можност да се конкурира на приватните поштенски оператори. Се воведуваат следниве видови на нови услуги:
- Бизнис пратка за комунални претпријатија
- Бизнис пратка за единици на локална самоуправа
- Мој пакет „Подари на адреса“.
„Мој пакет-Подари на адреса“
Од извршените анализи на поштенскиот пазар и растечкиот тренд на е-трговијата на глобално и национално ниво, согласно податоците на Асоцијацијата за Е-трговија за 2020 година, се наметна потреба од осмислување на пратка „Мој пакет-Подари на адреса“ која ќе биде во функција на електронската продавница на веб страната на друштвото. Сите анализи укажуваат дека со воведувањето на е-трговијата ќе се овозможи:
- Зголемување на услугите на друштвото;
- Зголемување приходите на друштвото;
- Овозможување на побрза наплата на услугата (приход кој се добива веднаш по извршената уплата на нарачаниот производ);
Овозможување на достапност на услугата за сите корисници кои поседуваат електронска платежна картичка (Visa, MasterCard).