Share the post "АД Пошта на Северна Македонија добитник на наградата за грижа за корисници на EMS за 2023 година"
Фокусот на грижата за корисниците е од витално значење за АД Пошта на Северна Македонија, бидејќи тоа е една од основните карактеристики на услугите што ги бара современиот поштенски пазар.
Како дел од светската мрежа EMS, АД Пошта на Северна Македонија, не заборави дека покрај грижата за корисниците во својата земја, мора подеднакво да се грижи и за корисниците од сите 175 земји членки на EMS Cooperative, со оглед на тоа што корисниците на EMS услугите заслужуваат одлична услуга како во внатрешноста на земјата, така и на на меѓународно ниво .
Врз основа на перформансите за грижа за корисници во текот на претходната година, EMS операторите се квалификуваат за награда за грижа за корисници, како признание за квалитетот на нивните центри за услуги за корисници.
Како резултат на постигнување на високите стандарди утврдени од страна на EMS Cooperative, АД Пошта на Северна Македонија, ја доби престижната награда за грижа за корисниците за 2023 година, како признание за квалитетот на своите услуги.
Ова престижно признание е резултат на заложбата на вработените, кои со исклучителна посветеност ги извршуваат своите работни задачи во ЕМС службата, а се однесуваат на грижа за корисниците.