Други печатени работи
Други печатени работи се отворени поштенски пратки, кои содржат: брошури, проспекти, покани, ценовници, именици, плакати, календари, роковници и друго.
Брошура е книга со помал број страници (до 50 страни) во мека подврска, за некое актуелно прашање со информативна содржина или слично. Испраќачот на брошурите пред испраќањето задолжително му доставува на поштенскиот работник на увид еден примерок од брошурата, при што се обезбедува изјава од испраќачот дека сите пратки ќе одговараат на приложениот примерок.
Димензиите на брошурите и другите печатени работи
Димензиите на брошурите и другите печатени работи мора да ги исполнуваат условите за обично писмо. Максималната тежина на групно адресирани брошури е 10 кг, додека максималната тежина на поединечно адресирани брошури изнесува 2 кг.