Известување за корисници за работното време на поштенски единици на подрачје на град Скопје на 29 и 30 ноември 2023

По повод Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ, што ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје, а имајќи ја предвид големината и значењето на настанот и посебните мерки и сообраќаен режим кои ќе бидат воведени на територијата на град Скопје, врз основа на заклучок на Влада на Република Северна Македонија…

Злоупотреба на името на Пошта на Северна Македонија

Почитувани, Ве известуваме дека во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ граѓаните  добиваат пораки на телефон дека  нивните пратки нема да бидат доставени поради непотполна адреса и лични податоци. АД „Пошта на Северна Македонија “ не стои зад овие објави. Секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и…

Поштенски единици кои работат на ден 22.11.2023 година

Работното време на единиците на поштенска мрежа на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, што работат на ден 22 Ноември 2023 година (среда), Ден на Албанската азбука – неработен ден за припадниците на албанската заедница, согласно со Законот за празниците на Република Северна Македонија (Сл. Весник 21/98 и 18/07),  може да се види  ТУКА.

Промовирана поштенска марка „2023 – Претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ“

По повод претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ и претстојниот Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, генералниот директор, м-р Бујаре Абази и министерот за надворешни работи Бујар Османи ја промовираа поштенската марка „2023 – Претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ“. „Подадената рака, хуманоста и заштитата на луѓето не познава граници и треба да биде…

Држави за кои може да се испраќаат ЕМС пратки

Почитувани корисници,

На следниов ЛИНК можете да го погледнете ажурираниот список со земји за кои може да се примаат и испраќаат ЕМС пратки.

Ажурирањето е извршено и е во примена од денес, 09.10.2023 година.

Платите на вработените зголемени за десет проценти

Основната бруто плата на вработените на Пошта на Северна Македонија  ќе се зголеми за 10%, почнувајќи со исплата на платата за месец септември 2023 год. Ова беше решено на денешната седница на Управниот одбор во согласност со одлуката за усогласување на Колективниот договор  на Компанијата со член 14 од Општиот колективен договор за јавниот сектор.…

Поштенски единици кои работат на ден 28 август 2023 (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

На ден 28 август 2023 година (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), неработен ден за припадниците од православна вероисповед, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија (Сл. Весник 21/98 и 18/07),  АД „Пошта на Северна Македонија“ Скопје организира работење на поштенски единици во надлежност на следните подружници: – ЦРПС Скопје 1; – ЦРПС…

Известување

Почитувани корисници,   Ве известуваме дека АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје, согласно добиеното одобрување од Агенцијата за пошти на Република Северна Македонија (Решение УП.I.бр.02-99 од 11.08.2023 година), изврши промена на цените за поштенските услуги кои ги обезбедува во опфатот на универзалната услуга во меѓународниот поштенски сообраќај.   АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, согласно…

Известување до корисниците за работното време на поштенските единици

Почитувани корисници,

Работно време на поштенските единици на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје можете да го видите на следниов линк: Работно време на поштенски единици.

Ви препорачуваме, пред посета на некоја од поштенските единици да го проверите работното време на истата.

Воедно Ви напоменуваме дека работното време со корисници е истанкато на влезните врати на поштенските единици.