Откупнина „ОТК“
Со дополнителната услуга откупнина „ОТК“ испраќачот при предавање на пратката бара пратката да се достави на примачот со претходна наплата на откупниот износ во корист на испраќачот на таа пратка.
Како пратка со дополнителна услуга откупнина може да се предаде секоја препорачана писмоносна пратка, писмо со означена вредност, пакет и ЕМS поштенска пратка.
Со откупната пратка испраќачот е должен да ја предаде и пополнетата поштенска упатница или уплатница (обр. ПП -10), по која ќе биде означен откупниот износ.
Откупната пратка не се смета како пратка со означена вредност ако на неа испраќачот не ја означил вредноста.