Следење на обичните пратки од интернет нарачки преку системот на Македонска пошта

Македонска пошта ангажирајќи се задоволството на своите корисници да биде на највисоко ниво ја реализира најавената новина во своето работење: Пратките од интернет нарачка кои пристигнуваат во Македонска пошта се трансформираат во книжени – препорачани пратки со лепење на посебен бар – код и се внесуваат во системот за следење на пратки на Македонска пошта,…

Именувани нови членови на Управниот одбор на АД „Македонска пошта“

Именувани нови членови на Управниот одбор на АД „Македонска пошта“ Новите членови на Управниот одбор на Македонска пошта стапуваат на функција од 06.08.2017 год. – Ненад Јосевски, заменик генерален директор – Сашо Пецалевски, директор за правни работи,човечки ресурси и корпоративни функции – Данчо Стојановски, директор за информатичка технологија – Драги Цветкоски, директор за маркетинг и…

Дваесетичетири часовно работно време на поштата во Градскиот трговски центар и на аеродромот Александар Велики

Ве известуваме дека поради фудбалскиот СуперКуп во периодот од 07.08.2017 год. до 09.08.2017 год., а по барање на МВР Скопје,  АД „Македонска пошта“ ќе организира  дваесетичетири часовно работно време на поштенските единици 1106 Скопје 6, лоцирана во централното градско подрачје, односно во Градскиот трговски центар и поштенската единица 1128 Скопје 28 која се наоѓа на аеродромот Александар Велики.