Одбележан 22 април – денот на поштенските работници
Со пригодна свеченост, денес беше одбележан 22 април, денот на поштенските работници на Македонија. По тој повод, генералниот директор на Македонска пошта Фаадис Реџепи на 84 вработени кои поминале 15 и 30 години непрекинат работен стаж во компанијата им додели благодарници и еднократен паричен износ.